Балтичката информативна агенција „Балтик њуз сервис“ соопшти денеска дека имала прекин на работата на интернет поради извршен кибер напад.
Засега не е познато кој го извршил нападот вчера врз серверот на агенцијата во Талин, но нејзината онлајн дејност била во прекин околу 10 часа.
„Балтик њуз сервис“ соопшти дека ќе преземе посериозни безбедносни мерки.