Баке-Јенсен: Можна е војна во Европа

Од:

Норвешкиот министер за одбрана Франк Баке-Јенсен во обраќањето на седницата на „Военото друштво на Норвешка“ изјави дека постои можност да избие војна помеѓу државите во Европа.

Тој додаде дека евентуалниот судир би имал сериозни последици за скандинавските земји.

– Развојот на настаните во нашата средина покажува дека повеќе не е незамислив вооружен судир помеѓу државите во Европа, посочи Баке-Јенсен.

Тој додаде дека трошоците за одбрана на земјите во последните пет години се зголемиле за околу 30 проценти, како и дека таквиот раст ќе продолжи.

Европа ја доживува најсериозната миграциска криза од Втората светска војна, предизвикана првенствено од бројни вооружени судири и од економските проблеми во Африка и на Блиски Исток.

Би можело да ве интересира

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа