По преброените 99 проценти од гласовите во американската сојузна држава Висконсин, демократскиот кандидат Џо Бајден има сосема мала предност од околу 20.000 гласови пред својот противкандидат, актуелниот претседател Доналд Трамп, пренесе Би-Би-Си.
И покрај малата предност на кандидатот на Демократската партија резултатот е претесен за да се предвиди кој ќе победи во оваа држава.
Во 2016 година Трамп токму во оваа сојузна држава ја победи Хилари Клинтон со помалку од 30.000 гласови, што беше големо изненадување.
Висконсин важи за една од „колебливите“ држави, па затоа може да биде клучна во одредувањето на победникот на изборите.