Бајден се сретна со кралот на Јордан, најавена нова американска помош

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден и јорданскиот крал Абдула се сретнаа денеска во Саудиска Арабија, а Белата куќа соопшти дека САД се обврзале на нов пакет помош за Јордан од околу 1,45 милијарди долари (1,4 милијарди евра) годишно.

Соопштението е објавено откако двајцата лидери се сретнаа на маргините на поширокиот регионален самит каде Бајден вети дека САД нема да се оддалечат од безбедноста на Блискиот Исток и нема да дозволат Русија, Кина или Иран да го пополнат тој простор.

Јордан, во кој се засолнети многу палестински и сириски бегалци, дели граница со Израел и Западниот Брег. Стабилноста на Јордан се смета за клучна за регионот, но неговата економија се бори со инфлацијата и влијанието на пандемијата.

Јорданската Влада се соочи со јавни протести, а братот на кралот, принцот Хамза е во домашен притвор по јавен укор од раководството на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил