Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден се подготвува да ја преземе функцијата претседател на САД. Врз основа на 99 отсто од пребројаните гласови во Пенсилванија, Бајден има 49,64 отсто од гласовите, додека Трамп има 49,21 отсто од гласовите“, јави Фокс Њуз.
Кандидатот за претседател на Демократската партија изјави дека Американците ја одбрале промената, изрази очекување дека ќе добие близу 300 гласачки гласови и дека демократите по повеќе од две децении ќе победат во државите Аризона и Џорџија.
„Демократијата функционира“, рече Бајден, повикувајќи на мир и трпеливост, и повтори дека Американците можат да бидат неистомисленици и ривали, „но не и непријатели“, објави Си-ен-ен.
„Сакам луѓето да знаат дека нема да чекаме да ја завршиме работата“, рече Бајден во обраќањето до нацијата.
Според Бајден, Америка бележи драматично зголемување на бројот на дневни случаи на инфекција.Тој изјави дека скоро 240.000 луѓе починале од вирусот корона и рече дека сака тие семејства да знаат дека не се сами. Тој исто така им се обрати на милиони Американци кои остануваат без работа и се борат да платат кирија или да купат храна.
„Немаме повеќе време за губење во партизанската војна“, рече тој.