Бајден: САД ќе одговорат одлучно доколку Русија ја нападне Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден јасно му стави до знаење на својот украински колега Володимир Зеленски дека САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат одлучно доколку Русија дополнително ја нападне Украина, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека лидерите изразиле поддршка за дипломатските напори.

Бајден ја потврди посветеноста на САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Зеленски рече дека со Бајден разговарал за заеднички активности за зачувување на мирот во Европа и спречување понатамошна ескалација.

„Првиот меѓународен разговор оваа година со Бајден ја докажува посебната природа на нашите односи“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој објави дека разговарале за заедничките акции на Украина, САД и партнерите за зачувување на мирот во Европа, спречување понатамошна ескалација, реформи и деолигархизација.

„Ја цениме непоколебливата поддршка за Украина“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Кримските Татари тврдат: Ќе се спротивставиме на меѓународното признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Руски дрон погоди автобус во Украина, најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени

(ВИДЕО) Русите го напаѓаат регионот Одеса со беспилотни летала

Руската одбрана собори 11 украински беспилотни летала

Путин призна дека Русија повеќе пати напаѓа цивилни цели во Украина

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски