Бајден: Русија се заканува на повелбата на ОН за меѓународен поредок, не само на Украина

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден излезе со изјава по повод седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на кризата околу Украина.

-Во Советот за безбнеднот на ОН САД денеска детално ја презентираа природата на руската закана за суверенитетот и територијалнио иинтегритет на Украина. Дадовме до знаење на меѓународната заедница за последиците од таа закана, не само за Украина туку и за основните принципи на Повелбата на ОН за современ меѓународен поредок, изјави Бајден.

-Ако Русија има искрена намера да се решат прашањата што ги засегаат двете страни во областа на безбедноста, а преку дијалог, тогаш САД, нашите сојузници и партнери ќе продолжат да соработуваат со добра воља. Ако наместо тоа Русија се откаже од дипломатијата и ја нападне Украина, таа ќе биде одговорна и ќе се соочи со брзи и сериозни последици, предупреди Бајден.

-САД и нашите сојузници и партнери продлжуваат со подготовките за секакво сценарио. Светот треба да има јасна претстава за акциите со закани од страна на Русија и да е подготвен да одговари на ризиците што тие акции ги носат за нас. Седницата на Советот за безбедност што се оддржува денеска е критичен чекор светот да се сплоти во една позиција: Осуда на примена на сила, повик за воена деескалација, поддршка за дипломатијата како најдобар начин да се оди напред и да се побара секоја од државите членки да има одговорен пристап и да не врши воена агресија кон своите соседи, изјави претседателот на САД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Путин: Ние сме за прекин на огнот, но прво треба да добиеме одговори на прашањата

Горан Наумовски