Бајден: Русија не смее да се остави да манипулира со испораките на природен гас за политички цели

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден во Рим разговараше со германската канцелка во заминување Ангела Меркел за обидите на Русија да манипулира со испораките на природен гас од политички причини, соопшти Белата куќа.

Бајден, кој е во Рим на самитот на Г-20, ја истакна важноста да се спречи Русија да „манипулира со протокот на природен гас со штетни политички цели“, се наведува во соопштението.

Се додава дека двајцата разговарале и за ситуацијата во Авганистан.

Претходно, операторот на гасоводот во Германија објави дека престанал да доставува руски гас за делови од гасоводот Јамал-Европа, кој поминува низ Полска до Германија. „Газпром“ соопшти дека вчера биле исполнети барањата на европските потрошувачи.

Русија испраќа гас во Западна Европа преку неколку различни рути, од кои едната е Јамал-Европа со капацитет од 33 милијарди кубни метри годишно.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети