Бајден повторно фатен како чита одговори на новинарски прашања на прес-конференција

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на прес-конференцијата со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Вашингтон, ги прочита подготвените одговори на новинарските прашања од хартија.

„Смешната прес-конференција на Бајден и Зеленски. Претседателот Бајден јасно ги чита одговорите. Како ги знаеше прашањата?“, прашува американскиот новинар Бил О’Рајли на социјалната мрежа „Икс“.

На почетокот на прес-конференцијата, американскиот лидер згреши и рече дека ќе им го „постави првото прашање“ на новинарите – наместо тие нему.

На прашањето кога ќе му препорача на Киев да започне преговори со руската страна, Бајден зборуваше за наводните успеси на Украина.

Американскиот претседател наполни 81 година. Често е мета на коментари за неговите испади и незгодни ситуации при јавни настапи. Републиканците го користат за да ги преиспитаат неговите ментални и физички способности да остане на позицијата шеф на државата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше во САД каде се сретна со американскиот лидер Џозеф Бајден. Американскиот претседател потпиша указ за доделување на нов пакет помош за Киев во износ од 200 милиони долари, кој вклучува муниција за противвоздушна одбрана и артилерија, како и против радарски ракети и противтенковска муниција.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски