Бајден победи во Јужна Каролина, следи одлучувачкиот супер вторник

Од:

Американците од повеќе сојузни држави се подготвуват да гласаат на супер вторикот и да одлучат кој би бил демократскиот претседателски кандидат, а поранешниот потпретседател Џо Бајден победи на изборите во Јужна Каролина што се оддржаа вчера.

Според последите достапни резултати, Бајден во Јужна Каролина прокнижи речиси 49 отсто од гласовите, на второ место е сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, со речиси 20 отсто, додека на трето е милијардерот Том Стејер, со 11.4 отсто добиени гласови.

Со убедливото водство, Бајден се врати во трката по слабиот резултати во Ајова, Њу Хемпшир и Невада. Стејер, поранешен раководилел на инвестициски фонд, пак, незадоволен од резултат во Јужна Каролина, каде потроши речиси 30 милини долари за реклами за своја промоција, одлучи да излезе од трката.

Сега, внимението е свртено кон супер вторикот кога се гласа во 14 сојузни држави кои генерираат една третина од 1991 делегат, потребни да се добие номинацијата. Од оваа група, големи држави во кои се гласа се Северна Каролина, Вирџинија, Тексас и Калифорнија.

Калифорнија ќе биде централна сојузна држава во битката. Примарните избори во оваа сојузна држава, која генерира 415 делегати, или 20 отсто од потребните за да се утврди номинацијата, беа преместени од јуни за 3 март.

Калифорнија и Тексас ќе бидат државите за докажување на поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајк Блумберг, и сенаторот од Вермонт, сметаат аналитичарите, кои велат дека Калифорнија ќе биде совршено сценарио за било кој од кандидатите.

Според најнова анкета на „Си-Ен-Ен“ во овие две држави најпопуларен кандидат е Сандерс.

Бајден пак, се надева на победа во Северна Каролина, Вирџиинија, Алабама и Тенеси, каде тој е нашироко познат, и посебно ценет кај афроамериканското население, кое во овие држави составува значаен дел од гласачкото тело.

Би можело да ве интересира

Демократите бесни: Џо Бајден е виновен за катастрофалниот пораз

Предраг Петровиќ

Во штабот на Трамп сметаат дека излезноста ќе одлучува за исходот од изборите

Американските разузнавачки агенции работат на сузбивање на руското и иранското мешање во изборите

Рафенспергер: „Неверојатните“ закани, кои накратко го попречија гласањето на две избирачки места, потекнуваат од Русија.

Трамп: Ако изборите бидат фер, подготвен сум да кажам дека сум поразен

Горан Наумовски

Трамп нема предвреме да прогласи победа