Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека планира да се кандидира на изборите следната година, но дека се уште не е подготвен официјално да го објави.
Планирам да се кандидирам за функцијата, но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа, изјави 80-годишниот американски претседател во интервју за телевизијата NBC.
Досега петмина кандидати официјално ја објавија својата кандидатура за претседателските избори следната година.