Бајден: Онаму каде што Трамп беше кукавица, јас ќе бидам одлучен

Од:

Демократскиот кандидат за Белата куќа Џо Бајден го критикуваше однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со кризата во Хонг Конг, каде Пекинг воведе закон за национална безбедност, ветувајќи дека ќе го заостри ставот на САД во однос на кршењето на човековите права доколку победи на изборите.

– Претседателот Трамп повеќе пати се одрекуваше од нашите вредности и ги уверува кинеските автократи дека имаат некој во Белата куќа кој мисли како нив. Онаму каде што Трамп беше кукавица, јас ќе бидам одлучен, јасен и доследен во одбраната на нашите вредности, рече Бајден.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во вторникот го потпиша законот за национална безбедност на Хонг Конг.

Критичарите на законот велат дека со него се обидува да се замолчи опозицијата во Хонг Конг. Законот го прогласува кинеското судство надлежно за „тешки“ безбедносни закани и предвидува доживотен затвор за кривични дела против националната безбедност.

Бајден најави уште построги мерки, велејќи дека ако победи на изборите, тој ќе „обезбеди“ целосна имплементација на законите за човекови права во Хонг Конг и Ксинџијанг, каде што Кина, според Вашингтон и другите западни престолнини, во политички логори држи најмалку еден милион муслимани.

– Веднаш ќе наметнам економски санкции ако Пекинг ја прошири својата цензура на нашите брегови и се обиде да ги замолчи нашите граѓани, бизниси и институции, предупреди Бајден.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија