Бајден објави санкции за две големи руски банки, елитата и роднините, за рускиот државен долг

Од:

САД објавија целосно нови санкции координирани со западните сојузници насочени против руската елита, семејствата на олигарсите, две големи банки и блокада на финансиските пазари на САД и Европа за рускиот државен долг, изјави денеска претседателот на САД Џо Бајден.

Според него, двете банки се ВЕБ и „воена банка“.

Американскиот претседател рече дека Путин „бизарно прогласи“ две украински области Доњецк и Луганск за независни и веднаш потоа нареди руските сили да се распоредат во тие региони.

– Едноставно кажано, Русија штотуку објави дека отцепува голем дел од Украина. Сметам дека Путин дава логичко објаснување да присвои повеќе територија со сила … Ова е почеток на руска инвазија на Украина, како што тој порача, и побара дозвола за тоа од думата.

Бајден изјави дека санкциите се многу повеќе од оние што беа усвоени во 2014 година кога Русија го окупираше Крим. САД и сојузниците се подготвени да одат понатаму ако Путин продолжи со својата инвазија.

-Кој му дава право на Путин да прогласува нови таканаречени земји на територија што припаѓа на негов сосед. Ова е еклатантно кршење на меѓународните закони и побарува цврст одговор од меѓународната заедница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Наузеда: ЕУ има краток период за да се подготви за следната фаза на агресија

Лами: Путин не треба да има право на вето за присуството на европските мировни сили во Украина

Одеса е нападната од руски беспилотни летала

Стармер: Путин ќе го раскине мировниот договор ако Украина нема гаранции

Трамп: Наскоро ќе потпишеме договор за минерали со Украина кои имаат огромна вредност

Киевските сили се обидуваат да пробијат четири населени места во близина на границата