Американскиот претседател Џозеф Бајден би сакал да ја посети Украина, но во моментов нема такви планови, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Псаки рече дека Белата куќа ќе продолжи да ја проценува ситуацијата и нагласи дека целта на администрацијата на Бајден е повторно да ја отвори американската амбасада во Киев и да има американски дипломати на лице место, пренесува Ројтерс.
„Знам дека претседателот би сакал да ја посети Украина, но во моментов нема планови“, рече Псаки.