Бајден: Не треба сериозно да се сфаќаат коментарите на Трамп за НАТО

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска им порача на балтичките држави дека САД ќе го почитува ветувањето оти НАТО ќе ги штити и истакна дека комантарите на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп не треба да се сфаќа сериозно.

Бајден, кој е во посета на Летонија им порача на балтичките земји дека САД се посветени на Договорот на НАТО и Членот пет.

Посетата на Бајден на Летонија е во моментот кога се зголемени тензиите со Русија и во регионот, а Трамп изјавува дека доколку биде избран за претседател на САД, би можел да се откаже од одбраната на сите земји-членки на Алијансата.

Тој денеска ги отфрли коментарите на Трамп и нагласи дека САД се силно посветени на НАТО.

– Тоа што повремено го слушате од претседателскиот кандидат на друга партија, не е ништо што би требало сериозно да се сфати, посочи Бајден.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“