Бајден нареди спуштање на знамињата на половина копје во спомен на поранешниот државен секретар Колин Пауел

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден, објави прокламација по повод смртта на поранешниот американски државен секретар Колин Пауел, кој почина денеска на 84-годишна возраст.

Во знак на почит кон Пауел, Бајден нареди спуштање на знамињата на половина копје во државните установи низ целата земја, како и во дипломатските и воените мисии во странство.

– Генералот Пауел беше патриот и човек со недостижна чест и достоинство. Син на имигранти, роден во Њујорк, пораснат во Харлем и јужен Бронкс, дипломец на Њујорк сити колеџ тој дослужи до највисоките чинови на вооружените сили на САД и беше советник при четири претседатели. Тој веруваше во ветувањето, заложено во културата на Америка, затоа што тој самиот беше жив пример за тоа. Голем дел од својот живот го посвети на тоа ветувањето да стане реалност за многу други луѓе. Беше пример со својата приврзаност кон демократските вредности што ја прават нашата земја посилна. Тој повеќепати се судираше со расни бариери, расчистувајќи го патот за останатите… и воспитуваше идни генерации лидери, нагласи Бајден.

Тој истакна дека Колин Пауел бил добар човек кого со гордост го нарекувале пријател „и ќе остане запаметен во историјата како еден од великаните на Америка“.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски