Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД.

Бајден денеска немал јавни должности, пренесува Ројтерс.

Тој се врати во вторникот вечерта од патувањето во Јужна Америка, каде што учествуваше и на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро.

Семејството, пријателите и колегите, вклучително и првата дама Џил Бајден и поранешниот американски претседател Барак Обама, му го честитаа роденденот на Бајден на социјалните мрежи.

„Среќен роденден на мојот драг пријател и нашиот неверојатен претседател Џо Бајден“, објави американскиот потпретседател Камала Харис на платформата „Икс“.

Бајден се повлече од претседателската трка во јули 2024 година делумно затоа што гласачите веруваа дека тој е премногу стар за таа работа и поради загриженоста за неговиот ментален капацитет по лошиот настап во јунската дебата со републиканскиот предизвикувач Доналд Трамп.

Трамп (78), кој ја победи демократската кандидатка Камала Харис на изборите на 5 ноември, ќе го надмине рекордот на Бајден за време на неговиот втор мандат, имајќи предвид дека тој ќе има 82 години и седум месеци за време на следната претседателска транзиција во 2029 година.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски