Бајден ја зголемува предноста пред Трамп, покажува нова анкета

Од:

Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден води со 13 процентни поени пред актуелниот претседател Доналд Трамп во најновата анкета на агенцијата Ројтерс и консултаните од „Ипсос“.

Според анкетата, 48 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за Бајден, веројатен кандидат за претседател на Демократската партија на изборите закажани во ноември, додека 35 проценти укажале дека ќа гласаат за Трамп.

Претседателот на САД почна да ја губи поддршката во изминативе месеци, соочен со наплив од критики за тоа како неговата администрација се справува со кризата предизвикана од коронавирусот и како одговор на бранот протести поради полициските убиства на Афроамериканци по смртта на Џорџ Флојд.

53 проценти од испитаниците изјавиле дека тие не одобруваат како власта се справува со пандемијата, од која досега починаа над 115 илјади Американци. Само 40 проценти даваат поддршка за справувањето на власта со епидемијата.

Од друга страна, според анкетата, две третини од испитаниците ги поддржуваат протестите против полициската бруталност кои веќе три недели се одвиваат во САД.

Трамп, пак, е критички настроен кон демонстрациите, кои на моменти се насилни со вандализирање и уништување на приватна и државна соптвеност. Тој повеќепати досега се закани со употреба на воена сила за разбивање на протестите.

Со рејтинг од само 38 отсто, популарноста на претседателот е најниска по мерењата на јавното мнение во ноември, за време на процесот за негово отповикување што тогаш беше отворен во Конгресот.

Сламката за спас Трамп може да ја бара во економијата. Според анкетата, каде 43 отсто испитаници ја одобруваат неговата економска политика и сметаат дека тој ќе биде поуспешен во оваа област од неговиот противкандидат, Бајден, кого го одобруваат 38 отсто од испрашаните.

Анкетата била спроведена од 10 до 16 јуни со 4.426 испитани регистрирани гласачи и со маргина на грешка од два процента.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот