Бајден испратила таен извештај до Конгресот за својата стратегија за војната во Украина

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испратила таен извештај до Конгресот за својата стратегија за војната во Украина, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на три неименувани извори.

Стратегијата, која администрацијата на Бајден требаше да ја достави до неколку конгресни комисии, беше спомната во нацрт-законот за помош усвоен кон крајот на април, со кој на Киев му беа обезбедени речиси 61 милијарда долари.

Сепак, рокот за поднесување на тој извештај истече на почетокот на јуни, па некои членови на Конгресот рекоа дека се разочарани и размислуваат да го блокираат натамошното финансирање за војната во Украина, наведува Ројтерс.

Меѓутоа, пратениците го добија долгоочекуваниот извештај на 9 септември, но сè уште не го разгледале, изјави за Ројтерс неименуван претставник на Конгресот. Засега не се познати деталите од таа стратегија.

Ројтерс потсетува дека Вашингтон вети нов пакет со оружје, муниција и друга одбранбена помош за Киев во вредност од 250 милиони долари.

Киев долго време тврди дека ограничувањата за употребата на оружје со долг дострел ги задушуваат нејзините воени напори, но САД продолжуваат да и забрануваат на Украина да го користи тактичкиот ракетен систем со долг дострел (ATACMS) и други оружја со долг дострел испорачани од Америка за да нападне подлабоко внатре во Русија.

Киев сега дополнително стравува дека поради доцнењето на извештаите доставени до Конгресот, повторно може да дојде до одложување на испораката на оружје и ресурси во критичните моменти од војната.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид