Бајден и Трамп со свои пораки до електоратот за конгресните избори

Од:

Американците денеска одат на конгресни избори за целосно свикување на Претставничкиот дом и нешто повеќе од една третина од свикувањето на Сенатот. Според повеќето прогнози, ќе победат републиканците.

Популарно наречени дополнителни избори, бидејќи се одржуваат на половина пат од претседателскиот мандат, тие традиционално се и еден вид референдум за актуелниот претседател, а речиси по правило партијата на власт во Белата куќа ја губи моќта во Конгресот во второто избори. Во сегашното свикување на Претставничкиот дом, демократите имаат тенко мнозинство (222 спрема 213) и речиси е сигурно дека сега ќе го изгубат.

Избирачко место во американската сојузна држава Луизијана било преместено од едно во друго училиште откако била примена закана за бомба.

Поранешниот претседател Доналд Трамп даде изјава пред своето избирачко место во Палм Бич, Флорида, каде гласаше со сопругата Меланија.

„Мислам дека ќе имаме одлична ноќ“, рече Трамп, но не одговори конкретно на прашањето дали ќе се кандидира за претседател за две години.

Официјалните лица не забележале значајна хакерска активност на денот на изборите што може да се припише на која било хакерска група, изјави претставник на американската агенција за сајбер безбедност.

Бајден им се обрати на гласачите на неговиот последен митинг во Мериленд и ја спомена важноста на гласањето. „Ова ќе ги обликува изборите во следните неколку децении“, рече Бајден синоќа.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“