Бајден и Трамп ги обезбедија претседателските номинации

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп во вторникот официјално ги обезбедија претседателските номинации на Демократската и Републиканската партија, по одлучувачките победи во Џорџија, Мисисипи и државата Вашингтон, додека трката за Белата куќа влегува во нова фаза.

На партиските избори, Бајден освои повеќе од 1.968 делегати потребни за формално да ја обезбеди демократската претседателска номинација, а Трамп освои најмалку 1.215 потребни за републиканската номинација. Кандидатурата на Бајден ќе биде официјализирана на партиската конвенција во Чикаго во август, а на Трамп на конвенцијата во Милвоки еден месец претходно.

Според американскиот изборен процес, делегатите се доделуваат на кандидати врз основа на резултатите од партиските избори во одделни држави. За да ја обезбеди номинацијата, кандидатот мора да има одреден број делегати кои потоа формално се изјаснуваат на партиските конвенции.

„Соочени сме со отрезнувачка реалност. Слободата и демократијата се загрозени овде во Америка како никогаш досега од Граѓанската војна. Доналд Трамп води кампања на незадоволство и одмазда што ја загрозува самата идеја за Америка… Верувам Американците ќе изберат да продолжат да се движат во иднината“, рече Бајден во изјавата по обезбедувањето на номинацијата.

Бајден истакна дека му е чест што ја добил втората претседателска номинација на демократите.

„Чест ми е што повторно ми верува широката коалиција на гласачи што ја одразува богатата разновидност на Демократската партија низ целата земја да ја води нашата партија – и нашата земја – во време кога заканата од Трамп е поголема од кога било“, изјави Бајден.

Исходот од прелиминарните избори на републиканците во вторникот беше исто така однапред завршен заклучок, особено откако единствената ривалка на Трамп, Ники Хејли, се повлече од трката минатата недела.

По изборите во вторник во четири држави, вклучително и Хаваи, веќе нема сомнеж дека Бајден и Трамп повторно ќе бидат во трка за претседател на изборите на 5 ноември, иако не се одржани ниту половина од партиските избори. Тоа ќе биде прв пат од 1912 година двајца американски претседатели да бидат кандидати на изборите, пренесува АП.

Исто така, првпат од 1956 година исти кандидати се во два изборни циклуси. Тогаш републиканскиот претседател Двајт Ајзенхауер по втор пат го победи поранешниот демократски гувернер на Илиноис, Адлај Стивенсон.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати