Бајден го потпиша законот: ТикТок има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на TikTok во САД, доколку ByteDance, кој е сопственик на TikTok, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.

Поточно, ByteDance сега има рок од девет месеци да најде купувач за TikTok, со опција да го продолжи рокот за дополнителни три месеци доколку претседателот смета дека има напредок во преговорите. Иако се чинеше дека законот за забрана ќе стагнира во Сенатот, политичките маневри овозможија предлог-законот да биде вклучен во пакетот за странска помош, забрзувајќи го неговото усвојување.

Портпаролот на TikTok, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат законот на суд, што би можело дополнително да го одложи рокот доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.

Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи ByteDance да го продава TikTok, а особено неговиот алгоритам што ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.

Директорот на TikTok, Show Zi Chu во видео порака објавена на TikTok го изрази своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.

Би можело да ве интересира

Астрономска понуда за TikTok: Американски милијардер во трка за апликацијата

ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски

Маск: Не сум заинтересиран да го купам TikTok

Горан Наумовски

Трамп нареди создавање нов државен фонд: „Тој би можел да го купи TikTok“

Експертите предупредуваат: TikTok е многу опасен за менталното здравје на децата

А1он

Илон Маск е на потег: Трамп му даде зелено светло да го купи TikTok