Бајден ги уверува Американците дека инфлацијата му е највисок приоритет на внатрешен план

Од:

Под притисок да се спречи високата инфлација, претседателот на САД, Џо Бајден се обиде да ги увери Американците дека тоа е највисокиот приоритет на внатрешен план. Тој тврди оти ги разбира проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Додека поради раст на инфлацијата, потрошувачките цени на годишно ниво се зголемија за над осум отсто, американскиот претседател истакна дека ослободил нафта од стратешките резерви и извршил притисок врз компаниите, рекордните заработки што ги оствариле за време на пандемијата, да им ги вратат на потрошувачите со пониски цени, јави Гласот на Америка.

– Знам дека семејствата низ Америка патат поради инфлацијата. Сакам секој Американец да знае, дека сериозно ја сфаќам инфлацијата и оти тоа е мојот највисок приоритет на внатрешен план, појасни Бајден во обраќањето на нацијата од Белата куќа.

Тој потсети дека до раст на инфлацијата дошло поради пандемијата од Ковид-19, заедно со проблеми во синџирот на снабдување и потоа, со руската војна против Украина. Но, тој додаде оти работа на Федералните резерви, е, да ја контролираат инфлацијата.

Бајден не најави нови политички мерки, во говорот одржан ден пред објавувањето на новите податоци за малопродажни цени, а за нив, се очекува да покажат дека инфлацијата останала висока во месец април.

Американската централна банка ги подигна каматните стапки за половина процент минатата недела. Се очекува дополнително зголемување во текот на годината, пишува Гласот на Америка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски