Багеи: Светот не може да остане рамнодушен за злосторствата во Либан

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ги осуди израелските бомбардирања и убиствата на цивили во Либан, предупредувајќи дека меѓународната заедница не смее да остане рамнодушна кон овие „злосторства“.

Багеи нагласи дека нападите вклучуваат масакр врз цивили, медицински персонал и спасувачки екипи, како и уништување на станбени области и витална инфраструктура, објави порталот „Прес ТВ“.

Тој оцени дека ваквите дејствија претставуваат груби кршења на меѓународните и човековите права и служат како примери за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Портпаролот ја критикуваше неактивноста на меѓународните организации, наведувајќи дека поддршката и соучеството на Соединетите Американски Држави му дозволуваат на „израелскиот режим да продолжи со своите кршења“.

Генералниот секретар на Хезболах, шеикот Наим Касем, во своето последно обраќање повтори дека отпорот останува единствениот прифатлив тек на дејствување против Тел Авив.

Би можело да ве интересира

Трамп: Почнуваме блокада на Хормуз, ова е меѓународна уцена

Ормутскиот теснец е комплетно под наша контрола и не е предмет на преговори, порача Иран

Не им веруваме на Американците, порача еден од клучните ирански преговарачи

ВИДЕО: Израел уништи цели села на југот на Либан

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски