Багеи: Не преговараме со САД

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи денес изјави дека Техеран во моментов не преговара со Вашингтон.

– За да се избегне двосмисленост, треба да се каже со кого преговараме. Во моментов не преговараме со САД, а преговорите со Оман имаат за цел договор за безбедно поминување на бродовите низ Ормускиот теснец, рече Багеи пренесе Тасним.

Според него, се прави обид што поскоро да се утврди рутата, која обично е привремена, во консултација со Оман и врз таа основа, со цел да се обезбеди безбедноста на пловидбата во Ормускиот теснец.

„Ова се билатерални преговори меѓу две крајбрежни држави. Другите секако можат да дејствуваат конструктивно или деструктивно, но прашањето е поврзано со Иран и Оман. Што ќе се случи следно, мора да се одлучи“, додаде Багеи.

Тој рече дека преговорите со Оман продолжиле сериозно во изминатите неколку дена, како и контактите што иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ги имал со своите колеги со цел да се спречи ескалацијата на несигурноста и да се обезбедат интересите на Иран.

– Благослов е што сите земји во регионот се сметаат себеси за засегнати страни во иднината на регионот. Американската војна против Иран е војна против целиот регион, рече Багеиг.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, исто така, нагласи дека „Техеран има пријателски односи со Пекинг и дека Кина ги дели загриженостите на Иран за ескалацијата на американската воинственост и е загрижена за несигурноста во регионот“. Багеи, исто така, рече дека „злосторствата на ционистичкиот режим продолжуваат во Газа, Западниот Брег и Либан.

Би можело да ве интересира

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија