Багеи: Нашиот предлог за прекин на конфликтот беше легитимен и великодушен

Од:

Предлогот на Иран за прекин на војната со САД и повторно отворање на Ормутскиот теснец е легитимен и великодушен, изјави денес портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеи.

Багеи рече дека иранскиот предлог, доставен преку пакистански медијатор, имал за цел безбеден премин низ Ормускиот теснец и стабилност во регионот, објави Ројтерс.

– Безбеден премин низ Ормутскиот теснец и воспоставување безбедност во регионот и Либан беа други барања на Иран, кои се сметаат за великодушна и одговорна понуда за регионалната безбедност, рече Багеи.

Тој нагласи дека Пакистан го води процесот на медијација професионално и дека надворешни страни не можат да влијаат на неговата работа и дека Иран ги штити правата на своите граѓани во странство.

– Нашето барање е легитимно. Бараме прекин на војната, укинување на блокадата и пиратеријата од САД и ослободување на иранските средства што се неправедно замрзнати во банките поради притисок од САД, рече Багеи, пренесе Ројтерс.

Одговарајќи на прашање од агенцијата ИРНА за обвинувањата на САД дека Иран врши притисок врз земјите во регионот, портпаролот рече дека Иран е одговорна сила, но против насилството.

„Иран е одговорна сила во регионот, но и против доминацијата и насилството. Дали ги нападнавме САД? Дали убивме невини луѓе од другата страна на светот? Дали вршиме притисок врз Куба, Венецуела и други земји на Западната хемисфера“, рече тој.

Багеи предупреди дека секое мешање во прашањето за Ормутскиот теснец и Западна Азија само ја комплицира ситуацијата и дека теснецот претходно бил отворен за пловидба.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите