Багеи: Иран влезе во преговори со САД со намера да постигне резултати

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи изјави дека Техеран влегол во индиректни разговори за својата нуклеарна програма со САД „сериозно, со добра намера“ и со намера да постигне резултати, и дека постои загриженост за „контрадикторни изјави“ од Вашингтон.

Багеи изјави за новинската агенција ИРНА дека останува да се види колку сериозна е другата страна во обидот да се унапреди „вистински дипломатски процес“, објави Прес ТВ.

„Тие испраќаат целосно неконзистентни сигнали и пораки, од кои ниту една не укажува на сериозност“, рече Багеи.

Багеи додаде дека Иран преговара „во атмосфера на целосна недоверба и скептицизам“ и дека не може да си дозволи да ги игнорира своите минати искуства „за момент“.

Иранските и американските делегации, предводени од министерот за надворешни работи Абас Аракчи и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф, ги продолжија индиректните разговори за иранската нуклеарна програма во Мускат на 6 февруари, со посредство на министерот за надворешни работи на Оман.

Вториот круг индиректни разговори меѓу Иран и САД се одржaa денес во Женева, со посредство на министерот за надворешни работи на Оман.

„На оваа рунда разговори, ќе бидеме присутни со комплетен тим – политички, правен, економски и технички. Присутни се сите експерти и претставници потребни за изразување ставови и донесување одлуки за различни аспекти на потенцијалниот договор“, рече Багеии.

Багеи ги отфрли медиумските извештаи и шпекулациите на социјалните медиуми за предлозите на САД, вклучително и привремена суспензија или строги ограничувања за збогатување на ураниум.

„Најдобриот опис за ваквите тврдења е „неосновани“. Нема да ги дискутираме деталите во медиумите. Деталите се дискутираат во преговарачката сала. Нашата позиција е јасна. Учествуваме во преговори што го почитуваат правото на Иран на мирна нуклеарна енергија, вклучително и збогатување“, рече Багеи.

Одговарајќи на сугестиите дека Иран можеби се обидува да купи време со преговорите, Багеи рече дека обвинувањето е „голема лага“.

– Времето е од суштинско значење за нас. Нашиот народ е под притисок на неправедни санкции, а логиката диктира да ги укинеме што е можно поскоро. Нема никаква корист за нас од продолжување на преговорите, заклучи Багеи.

Би можело да ве интересира

Цената на нафтата надмина 100 долари: Новиот лидер на Иран нареди целосна блокада на Ормутскиот теснец

Лариџани: Војната не се добива со твитови, нема да попуштиме додека Трамп не се покае

Иранците тврдат: Сопругата на покојниот Али Хамнеи е жива

Горан Наумовски

Пламна пожар на најголемиот носач на авиони во светот, повредени се двајца морнари

Горан Наумовски

„Дејли меил“: Моџтаба Хамнеи е во кома, една нога му е ампутирана

Моџтаба Хамнеи: Американските бази мора да бидат затворени или нападнати