Лариџани: Војната не се добива со твитови, нема да попуштиме додека Трамп не се покае

Од:

Војна не може да се добие со неколку твитови, а Иран нема да се повлече сè додека американскиот претседател Доналд Трамп „не се покае“, изјави денес Али Лариџани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

– Трамп вели дека сака брза победа. Иако е лесно брзо да се започне војна, не можете да ја добиете со неколку твитови. Нема да се повлечеме сè додека не се покаете за оваа погрешна пресметка, напиша Лариџани на својот X профил.

Трамп претходно изјави дека американско-израелската војна против Иран би можела да заврши „многу брзо“, но исто така рече дека проценката на министерот за одбрана Пит Хегсет дека ова е „само почеток“ исто така би можела да биде точна.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад