Багеи: Акциите против САД се самоодбрана, а не воена конфронтација

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи денес изјави дека нападите на Иран врз американските воени бази и објекти во јужниот дел на Персискиот Залив претставуваат, како што изјави, легитимно право на самоодбрана според меѓународното право, отфрлајќи ги проценките дека станува збор за воена конфронтација.

Во објава на социјалната мрежа X, Багеи му рече на портпаролот на Обединетите нации (ОН) дека Иран „не напаѓа“, но дека неговите напади претставуваат „легитимно и законско остварување на вроденото право на самоодбрана во согласност со меѓународното право“.

Багеи ги повика земјите чии територии, според него, САД ги користат за воени операции против Иран, веднаш да престанат да овозможуваат такво користење на нивните бази и простори.

„Далеку е од одговорно да се обвинува Иран за одбрана на својот суверенитет, а во исто време да не се сметаат агресорите одговорни за нивното сериозно кршење на меѓународното право“, нагласи Багеи.

Иранскиот функционер, исто така, се осврна на името Персиски Залив во изјавата, повикувајќи се на она што тој го нарече директиви на Обединетите нации од 1994 и 1999 година кои бараат употреба на целосното име „Персиски Залив“ во документите на ОН.

Би можело да ве интересира

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено