Федералните ирачки власти ќе испратат утре во граничните региони на ирачки Курдистан воени единици со задача да преземат контрола врз граничните пунктови, по референдумот за независност во курдскиот автономен регион. Тоа го објави денеска телевизијата Ал Сумарија.
Според ирачкиот медиум, предавањето на контролните пунктови ќе биде „во присуство на официјални лица“.
Во меѓувреме, курдски медиуми јавија дека властите во автономниот ирачки Курдистан нема да ги предадат на федералната армија граничните пунктови на своја територија. Медиумот се повикува на извори во Ербил, главен град на ирачки Курдистан.