Ирачката Влада и даде рок од 72 часа на регионалната Влада на Курдистан да ја предаде контролата врз аеродромите, доколку сака да избегне меѓународно воздушно ембарго, јави ДПА.
– Владата одлучи да ги забрани меѓународните летови од и до Курдистан после три дена ако аеродромите не бидат предадени на централната влада, изјави премиерот Хајдер ал Абади на денешната прес-конференција.
Минатата недела, Багдад побара од странските земји да ги запрат директните летови до меѓународните аеродроми во Ербил и Сулејманија, на територијата автономниот регион Курдистан, но само Иран воведе такво ембарго.