Баербок: Треба да се разговара со талибанците, тоа не значи дека го признаваме режимот

Од:

Кандидатката за канцеларка номинирана од германската партија на Зелените, Аналена Баербок повикаа на разговори со милитантните исламистички талибанци во Авганистан.

– Единствен начин навистина да се донесат на безбедно луѓето на кои им се заканува смрт, е да се разговара со талибанците за носење на тие луѓе на аеродром. Но, она што не можеме да го признаеме е режимот, истакна денеска Баербок за телевизијата WDR, додавајќи дека талибанците не се „легитимна влада, туку исламистичка терористичка организација“ .

Таа нагласи дека сега фокусот треба да биде на спасување животи.

– Тоа се жените кои сега се кријат некаде во Кабул, тоа се готвачите, преведувачите и нивните семејства, децата со нив. Затоа треба да сториме сe што можеме сега за да ги спасиме тие животи, рече Баербок.

Шефот на парламентарната група на социјалдемократите (СПД) во Бундестагот, Ролф Мацених, изјави дека веќе се водат разговори меѓу владата и талибанците.

– Не само што се обидуваме да гарантираме безбедно заминување на странците, туку се обидуваме да направиме нешто и за локалните сили. Германската Влада преговара со талибанците преку својот амбасадор во Авганистан, Маркус Поцел. Други западни земји постапуваат на сличен начин, додаде тој.

Мацених истакна дека преговарањето со талибанците не значи признавање на нивната власт во Авганистан и нагласи дека очекува во одреден момент да се формира преодна влада

Би можело да ве интересира

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски