Баербок претпазлива околу најавата за повлекување на руските трупи

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок претпазливо одговори на најавата од Русија за делумно повлекување на војниците од областите во близина на украинската граница, јави ДПА.

– Секој вистински чекор за деескалација на ситуацијата е причина за надеж, изјави Баербок денеска за време на посетата на Шпанија.

– Најавите од руска страна треба внимателно да се проверат, додаде таа.

Нејзиниот шпански колега, Хозе Мануел Албарес, истакна дека ако потегот навистина резултира со руско повлекување, тоа би било „одлична вест“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он