Баербок: Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се на пат кон Украина

Од:

Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се на пат кон Украина од Германија, изјави во средата во Берлин германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

„Понатамошни испораки на Стрела се на пат“, изјави таа пред германските законодавци.

Украина досега доби 500 противвоздушни ракети „Стрела“ од Германија, од вкупно очекуваните 2.700.

Берлин сега е еден од најголемите снабдувачи на Киев со оружје, изјави Баербок. „Тоа не е нешто што не прави горди, но тоа е нешто што мораме да го направиме да и помогнеме на Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари