Баербок ја почнува блискоисточната турнеја со посета на Израел

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска ја почнува својата блискоисточна турнеја со посета на Израел, прва по преземањето на функцијата во декември минатата година.

Баербок во Израел ќе се сретне со премиерот Нафтали Бенет и со министерот за надворешни работи Јаир Лапид.

– Ние сме осврнати кон нашата историска одговорност за безбедноста на Израел и ќе продолжиме да работиме кон таа цел, во духот на солидарност, истакна шефицата на германската дипломатија пред патувањето.

Таа ќе го посети меморијалниот центар за жртвите на Холокаустот „Јад Вашем“ каде ќе им оддаде почит на шесте милиони Евреи убиени од нацистите за време на Втората светска војна.

Баербок потоа ќе оствари средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со министерот за надворешни работи Риад Малки во Рамала.

Од Израел, германската министерка ќе замине во Јордан, а в сабота ќе престојува во Египет. Во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството, таа најави дека акцентот на патувањето ќе биде ставен на блискоисточниот мировен процес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски