Баербок: Германија го поддржува ембаргото за руската нафта

Од:

Министерката за надворешни работи Аналена Баербок повтори дека Германија е за ембарго на нафта против Русија.Германија сега е „подготвена“ да се снаоѓа без руска нафта неколку години, изјави таа за јавната телевизија АРД.

-Новите договори за снабдување со нафта значително ја намалија зависноста на Германија од Русија, додаде Баербок.

Уделот на руската нафта што се користи во Германија се намали од 35 отсто на 12 отсто во период од неколку недели, според владата. Со германското „да“ за ембаргото за нафта, расте притисокот врз преостанатите земји-членки на ЕУ за кои се сметаше дека ја одолговлекуваат дискусијата. На посебен состанок во Брисел денеска министрите за енергетика на ЕУ ќе разговараат за прекинување на руската испорака на гас за Полска и Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он