Брисел се меша во изборната кампања за претстојните избори за Долниот дом на чешкиот Парламент, што треба да се одржат на 8 и 9 октомври, изјави премиерот Андреј Бабиќ во интервју објавено во електронското издание „Парламенталисти“.
-Брисел се меша во нашата изборна кампања, за која не треба да зборува. Ова не е нивна работа! Ние сме слободна и суверена држава, рече Бабиш.
Европратеници од чешките опозициски партии вршат притисок врз Европската комисија да интервенира во чешките внатрешни работи, додаде премиерот.
Бабиш ги критикуваше активностите на потпретседателката на ЕК за транспарентност, Вера Јурова, која му даде инструкции на своето политичко движење АНО (Акција на незадоволни граѓани), со кои политички субјекти владата треба да соработува, а кои треба да бидат отфрлени.
-Тоа не е нејзина работа. Ова прашање не ја засега. Таа не треба да зборува за ова прашање, рече чешкиот премиер.
Интервенции на раководните тела на ЕУ има не само во Чешка, туку и во Полска и Унгарија. Особено е активна интервенцијата од страна на Европскиот парламент. Целта на овие акции е да влијаат врз резултатите од парламентарните избори, смета чешкиот премиер Андреј Бабиш.