Азербејџан инвестира 1,3 милијарди долари во обновата на Карабах

Од:

Азербејџан планира да вложи 1,3 милијарди долари во работите за обнова на териториите во Нагорно Карабах, кои беа под контрола на Баку, се наведува во предлог-буџетот за 2021 година.

– Планирано е да се потрошат 2,2 милијарди манати за финансирање на обновата на ослободените територии, наведува Министерството за финансии во нацрт-буџетот, додавајќи дека средствата ќе бидат потрошени за изградба на модерна инфраструктура во населените места и за обнова на историските и културните споменици.

На почетокот на ноември беше потпишано примирје по обновените конфликти меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот Нагорно Карабах, според кое двете страни ги задржуваат позициите што ги имаа.

Тогаш Баку доби контрола над неколку области.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски