Најмалку 30 патници загинаа на југот на Авганистан, кога еден автобус удри во запален камион, кој го нападнаа талибанските бунтовници.
Портпаролот на гувернерот на полицијата Хелманд, Омар Заварк изјави дека камионот го запалиле талибанците.
Камионот бил оставен да гори на сред пат, кога во него удрил автобусот кој не успел да запре.
Несреќата се случила на околу 50 километри од провинцијата Хелманда.
Според првичните информации 11 патници се повредени, а меѓу загинатите има и деца.
Елена Георгиевска