Министерството за одбрана на Австрија потврди дека сириските бунтовници ја презеле контрола врз граничниот премин во демилитаризираната зона меѓу Сирија и Израел.
Единствениот граничен премин меѓу Сирија и Израел беше под контрола на австрискиот контингент мировници на Обединетите нации.
Портпаролот на австриското Министерство за одбрана истакна дека на австриските војници им било наредено да се повлечат од преминот и оти никој не настрадал.
За заземањето на граничниот премин во близина на градот Кунејтра прво објави сириската опозиција, а подоцна сириската државна телевизија Ал Ихбарија демантираше дека бунтовниците го зазеле граничниот премин.