Австрискиот вицеканцелар и министер за финансии Михаел Шпинделегер поднесе оставка

Од:

Лидерот на австриските конзервативци Михаел Шпинделегер, утринава поднесе оставка на сите функици во Владата на одгласите за остри кавги во неговата Австриска народна партија.

-Од сите барам лојалност и сплотеност, а за таа цел и од партнерите во Владата, рече Шпинделегер на прес конференција, на која се откажа од функциите министер за финансии и вицеканцелар.

Неговата оставка го означува почетокот на несигурниот период за големата, традиционална австриска коалиција, која од декември 2013 година е управувана од канцеларот Вернер Фајман од Австриската социјалдемократска партија.

Двете главни партии имаат разлики за прашањето дали е неопходна фискална реформа. Австриската социјалдемократска партија со години наназад инсистира на воведување данок врз богатството, потег што конзервативците редовно го одбиваат.

Лидерот на Австриската народна партија беше жестоко критикуван во сопствената партија од три регионални влади (на провинциите Тирол, Горна Австрија и Форарлберг), кои го обвинија дека води престрога политика на штедење.

-Оние кои велат дека сега треба фискална реформа, тоа можат да го направат единствено преку задолжување, рече Шпинделегер.

Австрискиот долг изнесува 79 проценти од бруто домашниот производ. Коалицијата сака до 2018 година да го намали до 71,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски