Австрискиот претседател: Му дозволив на Путин да ме измами, прашање е кој ќе биде негова следна жртва

Од:

Претседателот на Австрија, кој се кандидира за нов мандат, Александар ван дер Белен, призна дека е грешка што не се диверзифицираат изворите на гас и посочи дека дозволил рускиот претседател Владимир Путин да го измами, како што го измамил целиот свет.

Ван дер Белен во интервју за телевизија „Пулс24“ објасни дека е лесно да се разговара со Путин бидејќи зборувал на германски и дека за време на посетата бил заинтересиран во неговата семејна историја, која е поврзана со Русија.

Во врска со се почестите критики за санкциите, Ван дер Белен рече дека сега не е време да се размислува за нивно прекинување.

– Тие санкции се ужасно штетни за Русија, а војната во Украина исто така влезе во фаза кога се гледа дека Путин очигледно погрешно ја процени ситуацијата. На почетокот сигурно мислеше дека брзо ќе го освои Киев, но сега бележи загуби. Ситуацијата дополнително се влоши со делумната мобилизација во Русија, која предизвика стотици илјади млади луѓе да ја напуштат земјата. Путин направи грешки во низа прашања. Не ми е јасно што прави руската разузнавачка служба, или можеби Путин не и верува – рече тој.

„Прашањето е која е следната жртва“

Ван дер Белен подвлече дека ако Европа сега покаже слабост, подоцна ќе плати уште поголема цена.

– Бидејќи има империјалистичка визија, единственото прашање е која ќе биде следната жртва на Путин – предупреди тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин во боите на виножитото, Бајден во инвалидска количка, Трамп во затворски комбинезон – Вештачката интелигенција и светските лидери на модната писта

(ВИДЕО) Путин направи грешка, за малку ќе предизвикаше сообраќајка

Горан Наумовски

Путин: Му благодарам на Моди за неговата посветеност за мирно решение на војната во Украина

Елитна делегација за воена обука oд Северна Кореја доаѓа во Русија

Гледаме дека во Киев се уште не се подготвени да се откажат од политиката на војна, вели Путин

Горан Наумовски

Путин: Подготвен сум да го слушнам ставот на европските партнери за прашањето за решавање на конфликти