Австрискиот министер за внатрешни: Убиениот терорист – Кујтим Фејзулаи имал австриско и македонско државјанство

Од:

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Република Северна Македонија.

Нехамер рече дека напаѓачот, кој беше убиен од полицијата, имал 20 години, имал македонско потекло и бил осуден за терористичко здружување.

Министерот го кажа и името на убиениот терорист – Кујтим Фејзулаи, кој на 25 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава.

Фејулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници.

Нехамер за агенцијата АПА изјави дека терористот имал австриско и македонско државјанство.

Главниот уредник на списанието „Фалтер“, Флоријан Кленк претходно објави дека напаѓачот е Албанец од Северна Македонија, роден и израснат во Виена.

– Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го изврши грозоморниот напад врз невини граѓани, нагласи Нехамер.

Тој рече дека биле извршени претреси во околината на напаѓачот, поточно бил извршен претрес во 15 станови и оти се уапсени неколку лица.

Би можело да ве интересира

Повторно хаос на божиќен пазар – пијан маж се шетал со гасен пиштол во Виена

А1он

ИЕП: Рапидно зголемен бројот на убиени во западна Европа поради десничарски радикализам

Ана Ололовска

Нови детали за нападот во Виена: Видео кое открива соработник на Кујтим Фејзулаи

Катерина Ѓуровски

Виенскиот терорист Кујтим Фејзулаи бил дел од меѓународна исламистичка мрежа

Жарко Настоски

Терористот од Виена минатата пролет обезбедувал болница

Ана Ололовска

Османи кај семејството на момчето кое загина во нападот во Виена: Tероризмот е опасна закана за сите нас

Ана Ололовска