Британија нема да ја напушти ЕУ и покрај одлуката за излегување која беше изгласана на референдумот на 23 јуни, рече австрискиот министер за финансии, Ханс Јерг Шелинг во интервјуто за германскиот бизнис весник “Ханделсблат“.
За пет години во ЕУ и натаму ќе има 28 држави членки, истакна Шелинг.
Овој поранешен бизнисмен вели дека европските лидери разговарале за “сите можност“-од тоа Британија да остане во ЕУ, до заклучување “спогодба зс слободна трговија по швајцарскиот или норвешкиот модел“.
Шелинг смета дека Британија би можело да се распадне, а со тоа Шкотска и Северна Ирска би останале во состав на Унијата, а Англија би тргнала по својот пат.