Австриски диригент колабирал на концерт и починал

Од:

Австрискиот диригент Стефан Солтеш починал синоќа откако колабирал среде оперска претстава во Минхен, соопшти оперската куќа на германскиот град.

„Со запрепастување и длабока тага Баварската опера ја објавува и потврдува веста за смртта на Стефан Солтеш“, се вели во соопштението, пренесуваат светските медиуми.

Солтез почина откако колабирал на сцената за време на изведбата на „Тивката жена“ на Ричард Штраус додека го диригирал оркестарот во Националниот театар во Минхен. Засега нема детали за причината за неговата смрт.

Генералниот директор на баварската опера Серж Дорни изјави дека е посебно тажен поради смртта на 73-годишниот диригент, пренесуваат агенциите.

„Изгубивме талентиран диригент, а јас губам добар пријател. Моите мисли се со неговата сопруга Мајкл“, изјавил Дорни.

Во текот на својата долга кариера, австрискиот маестро со унгарско потекло диригирал со оркестрите на оперските куќи во Виена, Грац, Хамбург и Берлин.

Од 1988 до 1993 година, тој беше музички директор на театарот Бранзвик во централна Германија и диригент на фламанската опера во Антверпен и Гент од 1992 до 1997 година. На сцената на Баварската опера дебитираше во 1995 година.

Би можело да ве интересира

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот

Почина диригентот Џејмс Левин

(ВИДЕО) Осудена во „Диригент“: Судот ме стави во затвор и ми зеде сè за 20 илјади евра пратени по брза пошта

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанкуловска: Голем удар врз наркомафијата

Ана Ололовска

Се апсат лица дел од Франкфурт мафија

Ана Ололовска

Шест лица приведени за перење пари во продолжение на акцијата „Диригент“

Емир Латифовиќ