Австриската војска се наоѓа пред стечај

Од:

Австриската војска се наоѓа пред финансиски колапс, тврди виенскиот дневен весник „Естерајх“, додавајќи дека армијата годинава мора да заштеди 45 милиони евра и дека последиците од тоа ќе бидат „брутални“.

Од оваа есен војската ќе нема веќе пари за плаќање на сметките за гориво за своите возила. Во војската има само уште 12 место 18 пилоти на борбени авиони „Еурофајтер“, а 900 теренска возила „Пинцгауер“ се продаваат бидејќи недостасуваат пари за нивна поправка и оддржување.

Радикалниот прекин на набавките покажува колку е тешка ситуацијата во војската и ги прикажува вистинските димензии на курсот на штедење на Министерството за одбрана.

Во интерен документ на министерството, пренесува весникот, децидно е наведено дека „се забранети сите набавки“.

Австриската војска врз основа на документот, не смее да купува возила, нови вооружени системи, ниту муниција или униформи. Војската, како што се наведува во документот, може да купува само доколку „се очекува непосредна штета за Република Австрија“.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски