Австриската Влада поднесе оставка, Фајман најави преговори само со Народната партија

Од:

По одржаните парламентарни избори во неделата и согласно Уставот на Австрија, коалициската Влада на канцеларот Вернер Фајман денеска поднесе оставка до шефот на државата Хајнц Фишер, но ќе продолжи да ги извршува функциите се до формирањето на новиот кабинет.

Фајман, кој е лидер на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), најави дека планира преговори за коалиција само со Народната партија (ОВП), која беше и досегашен негов партнер во владата.

Тој на прес-конференција истакна дека сака да започне интензивни разговори со ОВП, која е втора по големина партија во Парламентот.

Имајќи предвид дека претседателот Фишер денеска треба да започне разговори со претставниците на парламентарните партии, Фајман очекува следната недела да добие мандат за состав на нова влада, нагласувајќи дека дури тогаш ќе ги почне преговорите.

Коментирајќи ја одлуката на ОВП да разговара со сите партии, Фајман порача дека тоа е решение исклучиво на оваа партија.

Лидерот на ОВП Михаел Шпинделегер изрази подготвеност на неговата партија да разговара со сите партии, додавајќи дека нема однапред да се определува за која било коалиција.

СПО на парламентарните избори во неделата остана најсилна политичка сила во земјата и покрај големата загуба во однос на претходните избори.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски