Австријците се против одлуката на австриската Влада да го зголеми буџетот за одбрана, и покрај војната во Украина.
Дури 54 отсто гласале против зголемување на парите од државната каса за армијата, покажува истражувањето на институтот „Уникат“. Така, 17 проценти се целосно против ваквата одлука, донесена од Владата. Исто така, 37 отсто велат дека планираните дополнителни пари за армијата треба да се искористат за помош на граѓаните поради поскапувањето на енергенсите и трошоците. Само 36 отсто сметаат дека одамна е време да се зголеми буџетот за одбрана.
Австриската влада одлучи постепено да го зголемува сегашниот воен буџет на 4,7 милијарди евра до 2026 година.
Тоа би било еден процент од БДП, што беше побарано по почетокот на војната во Украина.
Австриската влада долго време штедеше на одбраната, па армијата дури дојде до состојба во која веќе не можеше да гарантира дека може да ги исполни задачите предвидени со Уставот бидејќи механизацијата често беше застарена.
Дополнителните пари што сега ќе ги добива армијата, како што е најавено, ќе ги искористи за набавка на посовремена воена опрема, а ќе се инвестира во заштитна опрема за војниците, возен парк, тенкови и противвоздушна одбрана.
Извор: МИА