Австрија забрани кравите да носат ѕвона околу вратот

Од:

Австриската провинција Штаерска забрани сточарите да им ставаат ѕвонци на кравите околу нивните вратови, кога ги водат на пасење.

Многуте непроспиени ноќи биле причина повеќе семејства кои живеат во близина на пасишта да поднесат жалби поради ѕвонењето, особено во текот на ноќта, кога животните се хранеле од металиот сад, што дополнително ја засилувал бучавата.

Еден фармер од западна Штаерска минатата есен заработи тужба од соседите, поради тоа што неговите крави ги вознемирувале со ѕвонењето. Првично одлуката се однесуваше на него, но сега Сенатот одлучи дека не постои причина поради која кравите воопшто мораат да го носат овој бучен „накит“ околу својот врат, па целосно го забрани носењето на ѕвонците.

 

 

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски