Од 1. февруари во Австрија вакцинацијата против Ковид-19 ќе биде задолжителна за сите над 18 години, а за оние кои одбиваат ќе има високи казни најви канцеларот Карл Нехамер кој потенцира дека е свесен за чувствителниот карактер на првата ваква одлука во Европа која создава општествени поделби.
„Како што е планирано, на почетокот на февруари ќе воведеме задолжително вакцинирање за сите повозрасни од 18 години“ – рече Нехамер.
Во текот на целиот викенд, во австрискиот парламент се води бурна расправа околу овој проект.
„Ова е чувствителен проект, но е во склад со уставот и бара фаза на прилагодување во кој оние кои одбиваат ќе имаат шанса да се вакцинираат со средината на март“ – објасни кацеларот.
По овој термин ќе се прави проверка, а статусот „невакциниран“ ќе се смета за престап за кој ќе се добиваат казни во виснина од 600 до 3600 евра.
Предлог законот за задолжителна вакцинација, австрискиот парламент би требало да го усвои в четврток.